Десет чекори до поголема продуктивност на работа

Дали водите сопствена компанија или сте менаџер во поголема компанија? Како започнува вашиот работен ден? Како успевате да ги исполните сите барања на современиот бизнис? Мобилен телефон, е-пошта, СМС, чет, социјални мрежи се само дел од алатките за комуникација кои треба да ни ја олеснат работата и да ја зголемат нејзината ефикасност. Но дали е тоа така? Како успевате да ја одржите продуктивноста и да останете во контакт со сите оние кои сакаат да комуницираат со вас во нашето пре-комуницирано општество? За жал, нема совршени одговори на толку опсежно прашање, но Бери Молц врз основа на анализа на „openforum“ нуди десетина совети како да постигнете повеќе за барем еден работен ден.

Десет чекори до поголема продуктивност на работа

Совети

  1. Не го започнувајте денот со проверување на е-маил и други пораки

Ова сигурно ќе ве насочи во насока во која не сакате да одите. Погледнете што ви е најважно прво да направите и фокусирајте се токму на тоа.

  1. Започнете со две најважни работи

На списокот со приоритети за тој ден, започнете со две работи што мора да ги направите истиот ден. Прво правете ги работите кои се непријатни, а потоа работите кои ви причинуваат задоволство.

  1. Донесете одлука и тргнете во акција

Одложувањето не води никаде. Кажете НЕ почесто од ДА, а зборот МОЖЕБИ не ни помислувајте да го кажете

  1. Само еднаш отворете ја е-поштата

Одговорете на е-поштата првиот пат кога ќе ја отворите. Не го оставајте во папката за дојдовно сандаче. Откако ќе го направите тоа, преместете го во соодветната под-папка за складирање.

  1. Правете една по една работа

Верувале или не, правењето повеќе работи одеднаш го оштетува вашиот мозок. Мозокот навистина не може да прави две работи одеднаш, тој само брзо се префрла од една на друга, што не ја зголемува продуктивноста, туку ја намалува.

  1. Контролирајте ги надворешните препреки

Исклучете ги сите аудио известувања од вашата е-пошта, смс, социјални медиуми и други програми за комуникација. Ѕвончиња, звучни сигнали, сирени нема да ви ја олеснат работата. Доколку е потребно, инсталирајте софтвер што го ограничува пристапот до Интернет.

  1. Симнете се од Интернет

Не користете активно Youtube, Facebook или Twitter доколку вашиот бизнис не го бара тоа. Тие се најбрзиот начин да се убие продуктивноста, бидејќи лесно може да залутате на другата страна. Секогаш поставувајте временско ограничување за слични активности.

  1. Подгответе се за состанок

Никогаш не влегувате на состанок без пишан дневен ред и однапред одредено време на завршување. На некои состаноци добро е сите да стојат. Забележете ги акциските чекори и задолженија. Секогаш завршете го состанокот порано.

  1. Делегирајте на другите

Подобрувањето на личната продуктивност значи користење на други луѓе во вашата организација, кои треба да преземат целосна одговорност за своите активности. Доколку не поставите соодветната хиерархија на одлучување, сè ќе биде на ваш грб.

  1. Дополнете ги батериите

Да беше како што бара современта технологија, сите носители на одлуки би работеле 24/7. Поставете временско ограничување за работата и обезбедете време и место во текот на денот, вашата мала оаза каде што можете да ги наполните батериите.

„Подобро е да не правиш ништо отколку да бидеш зафатен не правејќи ништо“ – Лао Це.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.