ID.Aero – новиот електричен наследник на Passat

Во 2018 година, Volkswagen го покажа својот електричен ID. Vizzion концепт, за кој во меѓувреме е потврдено дека ќе добие сериска верзија.

Volkswagen на почетокот на годинава веќе објави дизајнерски цртеж на својот нов електричен модел и најави дека продажбата на серискиот модел ќе стартува следната година, а сега како најава е прикажано ново концептно издание, наречено ID. Аеро концепт.

ID.Aero – новиот електричен наследник на Passat

Германскиот производител веќе објави дека актуелниот Passat ќе биде и последната генерација на тој долговечен модел и дека идниот Passat ќе биде достапен исклучиво во караван верзија. Наследникот на седан верзијата ќе добие нова ознака и електричен погон.

Според Volkswagen, овој електричен седан ќе и конкурира на конкуренцијата во „сегментот од високата средна класа“, а на кинескиот пазар првпат ќе се појави во втората половина на 2023 година. После тоа ќе започне производството за европскиот и северноамериканскиот пазар.

Во основата на возилото е механичката платформа MEB, додека нејзиниот надворешен дизајн потсетува на другите модели на Volkswagen ID, вклучувајќи ги ID.4 и ID.Buzz.

Дизајнерската скица покажува дека концептот ќе има LED задни светла во низа, вклучувајќи и светлосна лента која се протега по целата ширина на возилото.

Volkswagen наведува дека должината на концептот ID. Aero е долг пет метри, што го прави подолг од моделите како што е BMW Серија 5.

Најновиот тизер доаѓа три месеци откако за време на презентацијата беше прикажана скица на предниот дел на автомобилот, која исто така открива LED светлосна лента со целосна ширина, агресивни отвори за воздух и извајан браник.

Техничките спецификации на концептот се уште не се објавени. Сепак, бидејќи ќе ја користи платформата MEB, претходните извештаи укажуваа дека ќе има батерија од 84 kWh што треба да му обезбеди на седанот автономија до 700 km, според тест циклусот WLTP.

Серискиот модел се очекува да се нуди во конфигурации со погон на задните и сите тркала со користење на истите електрични мотори како и другите модели со ID.

Се очекува и варијантата Shooting Brake, иако не се знае дали ќе се нуди на сите пазари

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.