Кој денес ги диктира модните трендови? -Пандемијата ги зафати сите сфери од нашиот живот, вклучително и модата. Забраните за движење и работа од дома наметнаа полежерна облека и ги сменија навиките кога станува збор за купување. Со појавата на индустриското производство,  се нуди и поевтина и достапна облека за речиси сите. Се чини дека сега е полесно од кога и да е да се формира сопствен стил, но за младите се почесто изборот е брендирана облека и чевли.

Кој денес ги диктира модните трендови?

Некогаш Одри Хепберн, Коко Шанел, Софија Лорен – денес модата почесто наместо модните куќи и познати дизајнери ја диктираат Јутјубери, тикери, Инстаграмџии. Социолозите велат дека околу 39 отсто од населението ја следи модата, а 18 отсто велат дека ги следат најновите трендови.

„Мислам дека обемот на работа стана исклучително висок во последните пет-шест години, бидејќи Инстаграм стана доминантен со пласирање на модните трендови преку него.  Во денешницата има многу јасна линија помеѓу тоа како треба да изгледате за да бидете прифатени – какви патики треба да носите, каков дуксер, каква маица и многу внимавате дали нешто е копија или оргинално, иако младите во суштина немаат пари да купуваат такви парчиња кои се наметнуваат како тренди. Во основа тие се трудат на сите можни начини да ги имаат и да се вклопат во истите трендови и мислам дека тоа е оптоварување. Состојба што влијае на менталното здравје на многу негативен начин“, смета дизајнерката Невена Ивановиќ.

Експертите исто така се согласуваат дека модната индустрија и модниот свет често знаат да влијаат на младината и да наметнат несоодветна содржина за возраста.

„Модата постои како можност да ја изразиме сопствената потреба за некаква различност, а во исто време отсликува припаѓање на една генерација, нешто што е глобален тренд, но истовремено и можност да бидеме поинакви. Кога се наметнува одредена мода, таа навистина некако го преобликува она што е наш природен тренд. Модата дефинитивно е можност да се изразиме и да покажеме припадност, но може и да не турне во стереотип што не ни е удобен. Односно да ни го наруши комфорот и да ни наметне чувство на несоодветност, доколку не можеме го постигнуваме она што моментално е моден хит. Чувство дека не сме компетентни и дека не припаѓаме во онаа мера во која сакаме во групата со која се поистоветуваме. Тоа чувство на нелагодност, може да биде причина за помала вредност, а некои личности може да ги втурне во некаква анексиозност,“ забележува психотерапевтот д-р Невена Чаловска.

Инаку за да се вклопи во околината и да се облече по „најновата мода“, просечниот Европеец секоја година купува 26 килограми текстил, додека фрла 11 килограми. Најголем дел од искористената облека завршува на депониите. Затоа, дизајнерите и експертите, предупредуваат дека модата мора да нуди и принципи за еколошка свест. Воедно, да се внимава не само на водечките брендови, туку и на домашното производство, како и на продавниците за втора рака.

М.Б

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.