Произведена првaта Rimac Nevera-Историски момент за „Римац автомобиле“

Хрватскиот производител на електрични автомобили Rimac Automobili објави дека неговата прва целосна сериска верзија на електричниот хиперавтомобил Невера излезе од производната лента во хрватскиот главен град Загреб.

– По пет години развој и тестирање, три генерации технологија на погонски склопови (агрегат), 18 прототипови, 45 физички тестови за судар и повеќе од 1,6 милиони колективни часови на истражување и развој, првата целосна сериска верзија на Rimac Never излезе од производната линија на Rimac , соопштија од компанијата.во соопштението за медиумите. Првото годишно производство на Невера е веќе распродадено.

За изработка на секоја Невера се потребни пет недели до последната линија за склопување. Првите автомобили наскоро ќе бидат испорачани ширум светот преку глобалната мрежа на Rimac Automobili од 25 странски дистрибутери партнери во САД, Европа, Блискиот Исток и Азија.

Карактеристики

Најимпресивните карактеристики на каросеријата се големиот број на активни аеро елементи кои му овозможуваат на новиот Rimac Nevera да ги менува своите аеродинамички способности нудејќи оптимална конфигурација во секое возачко сценарио. Кога е во „low-drag“ режим хрватскиот електричен хиперавтомобил го намалува својот аеродинамички отпор за 17,5 проценти за да креира коефициент на отпор од 0.3. Во „high-downforce“ режимот каросеријата го зголемува својот аеродинамички потисок за 326 проценти.

Една од најважните и најдобите карактеристики на Nevera претставува карбонската монокок шасија, со оглед на тоа дека е дизајнирана за да се вметне батеријата за да се формира неверојатно силна структура со торзиона цврстина од 70.000 Nm/степени.

Батеријата сама по себе носи дополнителни 37 проценти цврстина на структурата, додека оптималното позиционирање во подот на хиперавтомобилот има придонес не само за ниското тежиште, туку за одлично 48-52 распоред на тежината меѓу предниот и задниот дел.

Неверојатна брзина

За придвижувањето на Nevera се задолжени четири специјално направени електромотори, по еден за секое тркало, а заеднички испорачуваат 1.914 КС и 2.360 Nm вртежен момент. Енергијата се испорачува преку 120 kWh водено-ладена литиум-манган-никел батерија дизајнирана од страна на Rimac.

Од Rimac истакнуваат дека моќниот хиперавтомобил од нула до „стотка“ стигнува за помалку од две секунди, поточно за 1,97, додека до 300 километри на час на Nevera и се потребни само 9,3 секунди. Максималната брзина на автомобилот е 412 километри на час.

Автомобилите се склопуваат во фабриката „Јанкомир“ во Загреб. Подоцна, производството на Невера ќе се пресели во кампусот Римац од 100.000 метри квадратни, кој се гради во Света Недеа кај Загреб.

Римац минатиот месец објави дека Nevera добила конечни одобренија од Европската унија и дека првите автомобили ќе им бидат испорачани на клиентите во следните неколку месеци.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.