За прв пат во Македонија конференција за фриленсери-На 12 мај,  во  хотел Мериот во Скопје ќе се одржи првата домашна конференција за „фриленсери“.

Целта на „1st Freelance Conference“ е да го поддржи дополнителниот развој на „фриленс“ еко-системот, да одговори на најважните прашања со кои се соочуваат активните чинители во фриленс заедницата и дополнително да мотивира активно вклучување во глобалната фриленс економија.

Конференцијата се организира како дел од RECONOMY програмата – регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Impact Foundation и други организации во Источното партнерство и Западен Балкан.

„Навистина сме среќни што за прв пат ќе имаме можност на едно место да ја собереме домашната freelance заедница и претставниците на најважните чинители кои се тесно поврзани со нивното функционирање. Можност да поставиме прашања, да споделиме искуства и на крај да излеземе со повеќе знаења што ќе донесат еден дополнителен boost во севкупниот развој на фриленс еко-системот“ – стои во најавата од организаторите.

Во фокусот на овогодинешната конференција ќе бидат четири водечки теми:

  • „Законски и административни предизвици во градењето на кариера во фриленсинг“;
  • „Социјални права на здравствено и пензиско осигурување за фриленсерите“;
  • „Трендови за дигитални вештини на пазарот на труд“ и
  • „Вклучување на разнородни социјални групи во фриленсинг“.

Исто така ќе биде организиран и панел со успешни домашни фриленсери кои со присутните ќе ги споделат своите приказни и искуства во нивната лична фриленсерска „експедиција“.

Присуството на “1st Freelance Conference” е бесплатно, но поради ограничениот број на места, потребна е претходна регистрација преку формата на овој ЛИНК.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.