Зошто на нашите бизниси им треба дигитализација? Кои процеси, вработените на компаниите треба да ги „дигитализираат“ и на кои начин можат да се поврзат стратегиите на компаниите со потребите од дигитализација? – се прашања по кои го изложи своето видување и искуство Весна Ивановска, директор на Едукативниот и развоен  центар SEAVUS на овогодишната конференција за женското претприемништво „Од марш за работнички права до дигитална економија“ во организација на Центарот за управување со промени.

Зошто на нашите бизниси им треба дигитализација?

Ивановска претставувајќи се на панел дискусијата „Дигитализацијата како предизвик за градење на успешни женски бизниси“ рече:

-Како директор на едукативна институција, инаку за себе велам дека сум инцидентен бизнисмен, бидејќи прва моја професија е правото -моја најголема љубов беше едукацијата, а моја најголема љубопитност ај-ти секторот. И кога ги искомбинирав сите три веројатно се најдов на најдоброто место. Во моментов можам да кажам дека тоа е ИТ индустријата заради сите факти што ги споменавме.“

Бизнисот нема пол

Според Ивановска, тоа што доаѓа од ваква институција создава поголема обврска за нив како едукатори. Но, таа пред да говори за процесот на дигитализација, изложи едно свое видување по однос на родовата вклученост во овој процес:  „Секојдневно соочувајќи се со кандидати кои што доаѓаат во едукативниот центар, учат некоја од ИТ или дигиталните вештини, има една работа што паѓа во очи, еден специфичен наратив, кога разговарате со женски и кога разговарате со машки кандидати кога треба да стекнат некоја нова компетенција.

Кај жените отприлика наративот оди- дали ќе бидам доволно поткована да почнам и дали ќе се снајдам. Додека мажите прашуваат- дали и што ќе добијам и колку брзо?

Ова не го кажувам за да дадам предност на едните или на другите – туку едноставно можеби да го најдеме коренот зошто ние, жените сме повнимателни, посамокритични кога влегуваме во бизнис, кога правиме нешто ново. И мислам дека дигитализацијата всушност повеќе ги плаши жените отколку мажите во таа смисла, токму заради оваа поголема аналитичност и поголема претпазливост.

Меѓутоа, јас сметам дека бизнисот нема пол и затоа ќе зборувам за бизнисот и зошто на нашите бизниси им треба дигитализација и што впрочем е дигитализацијата?“ раскажа Ивановска.

Страв и отпор од дигитализација

Ивановска, кога е во прашање родовата структура во водењето бизнис вели -не сум сигурна, но претпоставувам дека жените во нашава земја водат помали бизниси. Можеби средни, но сите сме во тој бизнис и постојано слушаме за BAS Wourld–секојдневно не бомбардираат со информации од тој сектор. Постојано велиме дигитализација, автоматизација, artificial intelligence, блокчејн- слушаме страшни називи со кои просечниот претприемач, бизнисмен (кога велам просек – мислам на возраст на искуство) веројатно се соочува со страв и отпор каде и кога да започне и колку брзо да влезе во таа автоматизација или дигитализација.

И секако прашањето -колку брзо да влезете во таа автоматизација или дигитализација, претставува еден стрес. Сакам да ги упростам работите. Дигитализација за мал бизнис, од типот на продавница за ексклузивен филигрански накит и дигитализација за голем телеком систем или комуникациска компанија е сосема различно и не треба да се трудиме сите да бидеме во истиот кош,“ смета Ивановска.

Дигитализацјата -што значи во суштина за секој од нас, за секој бизнис?

Прашање за кое Ивановска имајќи го пред себе искуството во ИТ секторот го систематизира во три битни сегменти.

-Прво, дигитализацја значи како да го зголемиме профитот. Односно како да понудиме повеќе продукти да го диверзифицирате портфолиото за повеќе профит. Иако сите се стремиме за подобар профит, кај жените се покажува дека во бизнисот профитот не е првиот крај.

Втората работа може да биде како да го скратите и оптимизирате времето за да ги испорачате вашите услуги внатре. Односно, поефикасно да ги операционализирате активностите. Значи луѓето кои работат во компанијата да бидат поорганизирани, поефикасни и попродуктивни и секако, секогаш тоа да чини малку помалку или секогаш помалку.

И трето, работа која секогаш оди рака под рака со овие две е како да направите поубаво корисничко искуство за вашите клиенти, што значи како тие да ве изберат вас наместо некој од конкуренцијата. Значи нашите клиенти, а и ние како клиенти, оти и ние сме и купувачи.“

Сегментирањето на процесот на дигитализација Ивановска го поткрепи со конкретни факти. „Ние живееме во ера на најприбирливи можни потрошувачи и купувачи. Толку многу сме нетрпеливи, толку брзо ја сакаме информацијата, па ако може убаво да биде спакувана, па минималистички дизајн, па не знам колку risponz… Едноставно ако само со еден клик го изнервирате вашиот клиент, тој ќе отиде кај вашата конкуренцијата. Зборувам за тоа колку многу притисок постои врз нас, како компанија којашто нуди услуга тоа да го направиме.“

Дигитализацијата е процес

Имајќи ги предвид сите овие секојдневни настани со нескротлива динамика се наметнува прашањето: Како да избереме од каде да тргнеме и што е дигитализација за нас?

„Тоа е многу просто, вели Ивановска, – Ние всушност не треба да измислиме дигитална стратегија, ние треба да ја следиме нашата бизнис стратегија, што е наша цел и која од овие дигитални алатки, системи ќе ни помогне да дојдеме чекор поблиску до она што сме го зацртале.

Или пластично кажано – Ако сме процениле дека нудиме услуга во која најголем дел од времето нашите вработени го поминуваат, односно го трошат одговарајќи на прашања на корисници на социјалните медиуми. И гледате дека вашите вработени цел ден одговараат, а при тоа одговорите не се систематизирани, не се конзистентни во некој даден момент. И се прашувате, што ако го скратам тоа и најдам некој паметен асистент (chat bot) кој одговара забрзано пред дефинираните прашања. Се подразбира дека така ќе заштедиме 30 отсто од времето, и тоа ќе не чини уште одреден процент од месечниот трошок итн.

Да скратам. Целта што ќе ја поставиме мора да е мерлива и мора да пости врска како дигитализацијата, без разлика со кои комуникациски алатки ќе работите ќе влијае на процесот на работа. Значи дигитализацијата треба да ни овозможи скратување на времето за одредена работа, можност тоа вложување да го претставиме во трошок, значи се дигитализирам, одиме понатаму.

Втора битна работа е дека треба да прифатиме дека дигитализацијата е процес и таа не се случува инстант, туку мора да одиме едно по едно.  И важно е да  почнеме од она што прво ќе даде резултати за да не охрабри да одиме понатаму.

Оптимистички трендови за жените во ИТ секторот

Тимот на SEDC е составен од единствена група на ентузијасти, искусни и посветени професионалци кои работат во различни области на специјализирано образование и произведе бројни ИТ професионалци. Па имајќи ги пред себе трендовите во информациско комуникацискиот секторот, Ивановска изложи какви резултати постигнуваат жените во однос на мажите во академијата која ја води.

– Seavus едукативен развоен центар годишно обучува околу 500 кандидати во повеќе дисциплини. Има академии со шест и 10- месечни програми, кои најчесто служат за доедукација и преквалификација. Во однос на родовата еднаквост трендовите се менуваат и секоја година расте бројот на жени кандидати или девојки за околу 15 до 20 отсто.

Факт е дека сè уште не сме на половина ако ги земеме предвид сите академии и сите дисциплини. Но кај некои, жените водат. Во моментот категориите дизајн и дигитален маркетинг, се попопуларни меѓу женската популација. Интересно е што многу од нив доаѓаат со цел да ги промовираат и унапредат своите бизниси, учејќи и директно стекнувајќи компетенции. Годинава изненади уште една програма кога е во прашање соодносот во полот-тестирање на софтвер и Data Science – каде има подеднаков број на мажи и жени. Верувам дека и во овој сегмент на дигиталната трансформација ќе се менува трендот на колку што е можно порана возраст,“ образложи Ивановска, и додаде:

„Меѓутоа, изложеност на технологија не значи и тоа што децата си играат дома на телефон. Додека од аспект на успех, не можам да кажам дали некој е поуспешен. Мислам дека бариерата за влез во сферата на дигитализацијата е поголема кај жената поради внимателност и поради оној национален менталитет да се плаши од грешка, од неуспех. Тоа е во врска со едукацијата, а таа е клучна во секоја земја.“

Директорката на Seavus пренесе дека во водечките земји, пред сè скандинавските, потоа, Естонија, Финска – процентот на дигитални вештини е директно пропорционален на брзината и успешноста со која дигитализацијата се одвива. И затоа смета дека и тука, фокусот треба да ни биде пред се во неформалната едукација, бидејќи формалната за многу луѓе веќе изгледа страшно долга, скапа и неизвесна.

„Мислам дека од тој аспект ние сме поагилни како неформална едукација и можеме многу побрзо да проектираме што клиентите на академијата ќе добијат.

Ние всушност не треба да измислиме дигитална стратегија, ние треба да ја следиме нашата бизнис стратегија, што е наша цел и која од овие дигитални алатки, системи ќе ни помогне да дојдеме чекор поблиску до она што сме го зацртале. Да ја испишеме нашата приказна, да си го промениме животот, да си ја дигитализираме иднината “

М.Балдазарска

 

 

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.